×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Целовечерен концерт во чест на Вања Лазарова во Кратово, во изведба на Ансамблот “Македонија” од Штип

    26.10.2023 11:12 | Жаклина Цветковска

    Целовечерен концерт во чест на легендарна пејачка на изворни народни песни Вања Лазарова ќе одржи универзитетскиот ансамбл “Македонија” при УГД Штип  во Мултимедијалниот центар (кино сала) во Општина Кратово, утре, на  27 октомври, со почеток во 19 часот.

    Целовечерен концерт во чест на Вања Лазарова во Кратово, во изведба на Ансамблот “Македонија” од Штип

    „Бидете дел од оваа вечер и уживајте во познатите звуци на кадифениот глас на една од најталентираните македонски изведувачи на народна музика Вања Лазарова“, порачуваат од Ансамблот “Македонија кој подготвува целовечерна програма за доајенката на македонската народна песна.

    Влезот за целовечерниот концерт е слободен за сите посетители.

    Вања Лазарова  е родена на 27-ми април 1930 во кратовското село Страцин, во музичко семејство  За време на богатата кариера, Лазарова настапува со различни фолклорни ансамбли, а долги години е членка  на Државниот ансамбл на народни игри и песни "Танец“. Истотака, била членка и  на ансамблот на Македонската радиотелевизија, а настапувала и со Македонската филхармонија. 

    Лазарова пеела и во "Ројал Алберт хол“ во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Таа е прва македонска пејачка која има снимено плочи за издавачките куќи "Полиграм“ и "Филипс“.

    Исто така, свој придонес има дадено и во музиката за филмот "Пред дождот"  на режисерот Милчо Манчевски кој освои "Златен лав" во Венеција, каде гласот на Лазарова доминира.

     Во 2014 година ја доби наградата „11 Октомври“ за култура и уметност .

    „Голема чест и задоволството е да ги отвориме вратите за концертот посветен на нашата сограѓанка Вања Лаџарова. Се гордееме што нејзините корени се од кратовско и што со својот талент и песна не промовираше низ целиот свет“, вели директорот на Домот на културата Дејан Илиевски.

    Публиката засекогаш ќе ја памети по нејзината  изведба на антологиските песни „Со маки сум се родила“,„Параходот замина“,„Девојче бело црвено“, „катерино, кротко јагне“ „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“ и многу други.

    Вања Лазарова почина на 86-годишна возраст на 12 март 2017 година во Скопје.