×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска се прославува Голема Богородица, утре македонскиот и српскиот патријарх со заедничка служба во чест на „Св. Јоаким Осоговски“

    28.08.2023 13:07 | Жаклина Цветковска

    Во манастирскиот комплекс "Св. Јоаким Осоговски" кај Крива Паланка почна чествувањето на големи христијански празници, Успение на Пресвета Богородица и 29 август - Денот на патронот на  Осоговскиот светец. 

     

    Денеска се прославува Голема Богородица, утре македонскиот и српскиот патријарх со заедничка служба во чест на „Св. Јоаким Осоговски“

    Црковните свечености денеска се посветени на малата црква во манастирскиот комплекс посветена на Пресвета Богородица, а утрешната црковна свеченост ќе остане запаметена во поновата историја на православието во државата по најавената заедничка света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и српскиот патријарх г.г. Порфириј.

    „Манастирот  Свети Јоаким Осоговски  повеќе од 1000 години сведочи за православната вера на овие простори, во пазувите на Осоговските планини. Затоа, многу верници од цела Македонија на 29 август доаѓаат да се поклонат пред моштите на светецот и да ги испросат неговите молитви пред Бога. Значајно е да се забележи дека оваа година, првпат после конечното добивање на томосот за автокефалност на МПЦ-ОА, со што целосно се заокружи нејзиното сеправославното признавање ќе имаме гости од повеќе помесни православни цркви. Така, оваа година, на 29 август Светата литургија ќе започне во 9 часот на која на покана на нашиот владика г. Григориј, ќе служат неговата светост, Српскиот патријарх г.г. Порфириј и неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан“, се наведува во соопштението од Кумановско -Осоговската епархија.

    Заедно со нив ќе служат и гости од неколку други помесни православни цркви, што сведочи дека култот на свети Јоаким Осоговски, кој, покрај во Македонија,  е распространет и пошироко во православниот свет.

    Општина Крива Паланка во чест на празниците организира богата програма.  Во рамки на 10-то јубилејно издание на  фестивалот "Џојфест", вечерва на  Градскиот стадион ќе настапи балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, а утре се организира и Фестивал на храна. стадионот во градот. Истовремено,  официјално ќе бидат пуштени во употреба и неколку значајни проекти.