×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две семејства од Кратово останаа на улица, во голем пожар целосно им изгореа куќите

    13.03.2024 12:48 | Оливера Пешевска

    Две семејства од Кратово остана без кров над глава, откако пред два дена во голем пожар целосно им изгореле куќите и целата покуќнина.

    Две семејства од Кратово останаа на улица, во голем пожар целосно им изгореа куќите

    Пожарот избувнал во понеделникот околу 15.30 часот, најверојатно предизвикан од запален оџак, се проширил на кровот и ги зафатил двата ката на лепенките. Силниот ветер помогнал се да изгори за помалку од 1 час.

    „Пожарникарите дојдоа за 15-тина минути, ама имаше многу ветер. Брзо се прошири и изгоре, а она што не беше зафатено од пламенот се поплави од водите од цистерните. Сега струјата е исклучена, гипс гартонот на плафонот е надоен со вода и ако не падне сам, ќе треба да го срушиме. Има и опожарени цигли, па можеби ќе треба да се сруши и некој внатрешен ѕид. Не знам, значи треба се одново и електрична, водоводна и канализациона мрежа, малтерисување, столарија, подни облоги, средување на тоалети, бела техника и електрични апарати. А беше ново, конечно завршивме во 2015 година, ја направивме со сите нишани- енергетско ефикасна фасада, ПВЦ столарија, нов кров, се ни беше ново. Уште две години ќе го исплаќам кредитот што го зедовме за да комплетираме се како треба и конечно да бидеме мирни“, изјави Зоран Стојановски, полицаец во ПС Кратово, сопственик на една од куќите, во телефонски разговор за Кумановоњуз.

    Тој вели дека неговото семејтвото е сместено кај роднини, додека да го расчистат она што останало од домот кој целосно го реновирале во 2015 година.

    „Се изгоре, а само што се средивме и скуќивме. Повеќе од 20 години вложувавме, местото го наследив, но старата куќа речиси до темел беше срушена и направивме нешто ново, убаво. Верувавме дека ќе биде трајно и на мир ќе си ги гледаме внуците и семејството. Јас излегов само со едни тренерки, се што поседувавме го голтна пламенот, или се оштети при гаснење“, вели потресено Зоран.

    Тој кажува дека неговата сопруга е невработена, се грижи за 17-годишното дете со посебни потреби, на кое му е потребна целодневна грижа и асистенција. Финасиска помош на семејството е и пензијата на неговата мајка, но за да биде маката поголема неговиот 19-годишен син требало да тргне на работа, но се откажал во понеделникот за да може да помогне на родителите во расчистување на она што останало од куќата.

    Зоран вели дека сега е приоритетно е да се набави градежен материјал, најмалку 20 кубни метри дрвна граѓа и градежни материјали да се покријат двете куќи. Кровот е со површина од околу 180 до 200 метри квадратни, за да се заштитат градбите од понатамошно уривање. А подоцна полека, колку имаат средства и како стасуваат така ќе работат. Веќе се јавуваат луѓе, се интересираат како можат да помогнат, но никој не ги посетил, ниту од локалната власт, ниту сограѓани од бизнис секторот  за да се распрашаат какви се потребите на семејствата по овој трауматичен миг.

    Се обиделе да отворат телефонски броеви за добротворни донации, но процедурите бараат да достават барање до операторите во кое ќе имаат и извештај за што се наменети средствата кои ќе се собираат. Вештаците и увидните екипи ги очекуваат денеска, но додека го добијат конечниот извештај ќе помине извесно време.

    Сите заинтересирани граѓани и фирми можат да донираат финансиски средства на трансакциска сметка: 300007082346687, Комерцијална банка на име на Зоран Стојановски. Или на неговиот телефонски број за контакт за друг вид на помош: 070/302-533.

    На другото семјство можете да помогнете на сметката: 320500028907242 Централна коопетаривна банка АД Скопје. Телефонски број за контакт Валентина Лазаревска: 071 708 517.