×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ретроспективна изложба на академскиот сликар Роберт Цветковски во Крива Паланка

    27.10.2023 11:04 | Жаклина Цветковска

    Во Градскиот музеј од  Крива Паланка, вечерва, во 19,30 часот, ќе биде отворена изложбата „Мал формат – ретроспектива“ од академскиот сликар Роберт Цветковски, со која се дава ретроспектива на неговото  30-годишно творештво.

    Ретроспективна изложба на академскиот сликар Роберт Цветковски во Крива Паланка

    „Со изложбата на мал формат Цветковски ни ја потенцира важноста на малиот формат во процесот на творење и создавањето свој зрел личен израз. Авторот недвосмислено ја нагласува важноста на вечното истражување на можностите на големиот формат преку малиот формат во кој цело време циркулира основната идеја со своите подваријации“, истакнува Ѓорѓи Костовски историчар на уметност во Градскиот музеј .

    Делата се работени во разни техники и медиуми, често комбинирани со материја (несликарски природни материјали) , а мајсторски изведените композиции секогаш делуваат отворени надвор кон огромни формати, но  воедно ја  држат  публиката и внатре во себе, вовлекувајќи ја  и предизвикувајќи и силни емоции и енергија.Роберт Цветковски е роден во Куманово во 1965 година, а дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на насоката ликовна уметност. Неговата работа помина низ три фази од кои најновиот, насловен како циклус “Порака”, се развива повеќе од една деценија и се уште трае. Има реализирано 35 самостојни изложби и над 200 групни изложби. Учествувал на над 40 ликовни колонии во Македонија, САД, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Неговите дела се дел од приватни колекции во САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Австралија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија, како  и во постојани колекции во Центарот за современа уметност-Подгорица, Црна Гора, Градскиот музеј на Скопје и Академијата УККСА во Турција.

    Изложбаta „Мал формат – ретроспектива“ e поддржана од Министерството за култура.