Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во галерискиот простор на НУ Центар за култура од Крива Паланка денеска беше отворена изложбата „Јас и моите пријатели“ од реномираниот кумановски сликар Мики Трендафиловски.
На изложбата се претставени 10-на дела на Мики Трендафиловски, како и 36 дела, минијатури и мал формат од 36 автори од 12 држави.
„Во ова време кога владеат поделби на големи и мали, на вакви и онакви, кога во светот се водат непотребни војни, јас и моите пријатели со оваа изложба сакаме да испратиме порака дена светот е доволно голем и дека сонцето грее подеднакво за сите. Изложбата за една ваква изложба се роди минатата година кога работев еден проект под наслов „Јас и моите пријатели за Тоше за Крушево“, во рганизацијата на Спомен кужата „Тоше Проески““, истакнува авторот Трендафиловски.
Тој вели дека ова е изложба без граници и предрасуди, и поделби на мали и големи изложба каде делата се мали по димензии, но се големи по вредноста и по квалитетот.
Во изложбата „Јас и моите пријатели“ учествуваат и академик Васко Ташковски, Ацо Филиповски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Данчо Ордев, Стојче Гоцков и други автори.