×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе продолжи изградбата на пругата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка

    20.07.2022 13:27 | Жаклина Цветковска

    Владата денеска потпиша договор со фирмите „Штрабаг“ и „Ѓулермак“ за изградба на првата и втора фаза на Коридор 8 на релацијата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.

    Ќе продолжи изградбата на пругата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка

    Договор во вредност од 40,5 милиони евра е потпишан за изградба на првата делница на Коридорот 8 кон Бугарија во должина од 31 километар и рок на градба од 24 месеци. 

    На овој дел ќе бидат изградени и три железнички станици во Ново Куманово, Шупљи Камен и Бељаковце, како и шест стојалишта во Лопате, Перо Чичо, Проевце, Клечовце и Довезанце.

    „Градежните зафати кои ја опфаќаат ревитализацијата покрај подобрување на техничките карактеристики на пругата, ќе обезбедат целосно модернизирање по европски стандарди преку изградба на нови мостови, поставување безбедносни бариери и заштита од врева и вибрации, поставување на нови сигнално сигурносни уреди, изградба на нови железнички станици, итн“, изјави премиерот Ковачевски.

    Втората делница од Коридорот 8 кон Бугарија на делот од Бељковце до Крива Паланка во должина од 34 километри и вредност од 155 милиони евра, а рокот на градба е 36 месеци. И на овој потег ќе бидат изградени две железнички станици во Крива Паланка и Гиновце и три стојалишта во вториот дел на пругата.

    Покрај за изградба на пругата кон Бугарија, беше потпишан договор и за ремонт на делницата Ногаевци – Неготино на Коридорот 10.

    Парите во висина од 200 милиони евра се обезбедени преку кредит и грант од Европската банка за обнова и развој.