×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт на младите музички таленти од Крива Паланка

    02.07.2024 12:20 | Жаклина Цветковска

    Членовите на Музичкото студио при НУ Центар за култура Крива Паланка ќе одржат концерт пред кривопаланечката публика, утревечер, 3 јули (среда), со почеток во 19,30 часот, во салата на националната установа.

    Концерт на младите музички таленти од Крива Паланка

    Младите музички таленти кои работат под менторство на проф. Лариса Жулина Митовски ќе се претстават со богат репертоар на дела од барок, класика, романтизам, класицизам, филмска и македонска народна музика.

    Концертот на младите музички таленти се организира во рамките на Кривопаланечкото културно лето и на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.