Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изминативе денови Кратово пулсираше во духот на македонскиот фолклор.
Околу 50 раководители на фолклорни ансамбли и нивни асистенти престојуваа во Кратово на семинар по фолклор во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија (СОФАМ) - ЦИОФФ Македонија под раководство на проф. д-р Мирјана Мирчевска, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија во Скопје.
„Општина Кратово како добар домаќин на учесниците им ги понуди сите потребни услови за успешна организација на овој голем научен настан“, велат од општината.
Предавачи на семинарот беа стручни лица од областа на фолклористиката и тоа: д-р Стојанче Костов од Институт за фолклор, м-р Благица Илиќ од ДМБУЦ„ Илија Николовски – Луј“ и Јовица Блажевски од Ансамблот Танец.