×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крива Паланка го креира развојот со вклучување на родово-одговорни политики

    23.06.2021 14:37 | KumanovoNews

    Новата стратегија за развој 2021-2026 година на општина Крива Паланка ќе ги вклучува родово одговорните аспекти, преку инклузивен процес на креирање на поефикасни локални политики.

    Крива Паланка го креира развојот со вклучување на родово-одговорни политики

    Овој стратешки документ веќе е во фаза на изработка, а денес беше одржан форум на кој беа дефинирани главните стратешки цели и приоритети.

    „Стратегијата треба да даде рамка за идниот развој на Крива Паланка. Како централна точка на Коридорот 8, општината ја темели перспективата на регионалната инфраструктура и локалниот економски развој, преку искористување на сите расположиви фондови, а особено на европските донаторски програми. Најважно е што ова не е стратешки документ само за развој и поддршка на локалната самоуправа, туку и на бизнис и граѓанскиот сектор, јавните институции и останатати субјекти во општината, истакна градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

    Од досегашните анализи идентификувани се над 50 силни страни, повеќе од 55 што можат да се подобрат и над 30 можности за иден и континуиран развој. Главната визија е Крива Паланка да биде препознаена како стратешко место на транспортниот коридор 8, со стабилна економија и развиена инфраструктура за подобар квалитет на животот на граѓаните. Мисијата е, пак, да бидат искористени сите расположиви капацитети за обезбедување на поефикасни локални политики и подобри услови за живот на населението.

    Родовиот аспект веќе е дел од најголем број на програми на општината за 2021 години, кои опфаќаат делумно или целосно родово-одговорно буџетирање. Општина Крива Паланка продолжува со овој процес и е меѓу општините што имаат најголем напредок во оваа област.

    Работилницата е поддржана од UN WOMEN,  во рамки на проектот ,,Родово одговорни политики и буџетирање: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во РСМ", финансиски поддршан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој_Сида.

    (Ж.Ц.)