×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крива Паланка најтранспарентна општина во Североисточниот регион

    04.06.2021 13:05 | KumanovoNews

    Општина Крива Паланка е рангирана на високото трето место, веднаш зад Министерството за одбрана и општина Карпош, како институција со многу добра активна транспарентност, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

    Крива Паланка најтранспарентна општина во Североисточниот регион

    Веќе втора година по ред, општина Крива Паланка е во групата на најдобрите институции и е најстранспарентна општина во Североисточниот регион.

    Според индексот на активна транспарентност, општината има добиено 95,7 % од можни 100% во конкуренција на 98 рангирани институции.

    Општина Куманово, исто така, се наоѓа во групата на институции со многу добра активна транспарентност и се наоѓа на 14 место со резултат од 88,6%, општина Кратово е во групата на институции со добра активна транспарентност со 62,9%, а општина Ранковце има просечна активна транспарентност со 46,4%. Индексот на активна транспарентност на општина Старо Нагоричане е многу слаба со само 14,5%, а во истата група е и општина Липково со само 11, 6%.

    Центарот за граѓански комуникации го спроведува истражувањето за индексот на активна транспарентност во рамки на проектот „Јавно трошење за јавно добро“, со поддршка од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

    Од оваа годинава резултатите за активната транспарентност се поставени и на специјално изработена веб страница   www.aktivnatransparentnost.mk  , со преглед на сите опфатени институции.

    (Ж.Ц.)