×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липково меѓу општините кои не аплицирале со проекти на вториот повик на Владата

    24.04.2025 15:29 | KumanovoNews

    Вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини заклучно со вчера присигнале во Министерството за локална самоуправа за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. 

    Липково меѓу општините кои не аплицирале со проекти на вториот повик на Владата

    „Од нив, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено апликативни формулари“, кажа министерот Златко Перински од денешната прес-конференција.

    Општини кои воопшто не аплицирале заклучно со вчерашниот датум се: Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Липково, Пробиштип, Валандово, Росоман, Боговиње, Врапчиште, Маврово Ростуше, Теарце, Дебар, Струга, Битола, Крушево и Долнени.

    Министерот апелираше до сите локални самоуправи да ја искористат оваа можност и да го запазат законски предвидениот рок за пријавување кој согласно одлуката на Владата е 30.април. 2025 година.

    „Оваа програма претставува клучен чекор во трансформацијата на локалните самоуправи и целокупниот развој на земјата.
    Затоа, ги повикувам сите општини да ја искористат оваа значајна можност, бидејќи заедно, како партнери, можеме да создадеме подолгорочни и одржливи решенија за иднината на нашите граѓани“, кажа Перински.

    Пристигнатите апликации за вториот јавен повик покажале дека најголем интерес во општините има за подобрување на патната инфраструктура, но и изградба на училишта, градинки и спортски сали. 

    На првиот јавен повик, кој беше објавен во септември лани, одбрени беа вкупно 288 проекти на 78 општини. Вкупната вредност на проектите е околу 75 милиони евра.

    На првиот повик општина Куманово доби 3 проекти во висина од 4 милиони евра, и тоа за изградба на инфраструктура во индустриската зона Речица, гасоводна мрежа до населбата Доброшане и атмосферска канализација на улицата Бајрам Шабани. На вториот повик аплицираше со десетина нови проекти, меѓу кои и изградба на нова детска градинка во населбата Зелен рид.