Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средното училиште „Ѓорче Петров“ и Основното училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, се меѓу 9-те училишта од Македонија, кои се добитници на ознаката еТвининг училиште за 2021-2022.
Оваа ознака значи дека тие се пионери и признаени лидери во областите:дигитална пракса, е-безбедност, иновативен и креативен пристап кон педагогија, промовирање на професионалниот развој и практики на учење со вработените и учениците.
Овие еТвининг училишта се признаени лидери на европско ниво, со вложување во понатамошните можности за развој и ја промовираат вклученоста на целото училиште во подобар и партиципативен образовен процес.
Во нашата држава меѓу наградените се и 3 училишта од Битола и по едно од Пробиштип, Прилеп, Кочани и Штип.
На вкупната листа на наградени училишта со еТвининг ознака за 2021-2022 се наоѓаат вкупно 2935 училишта од 41 земја.
(Ж.Ц.)