На Осоговието ќе се гради модерен ски-центар, ќе биде еден од најголемите на Балканот, најави Николовски

29.05.2021 19:23 | KumanovoNews

Во срцето на Осоговските Планини, на Царев Врв, ќе се гради модерен ски- центар, кој ќе биде еден од петте најголеми центри на Балканот, инвестиција вредна 100 милиони евра“, најави вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на Фејсбук.

На Осоговието ќе се гради модерен ски-центар, ќе биде еден од најголемите на Балканот, најави Николовски

„Одлуката за изградба на ски-центарот, како што посочува, е резултат на координација на градоначалниците од Североисточниот регион, а на негов предлог овој проект станал дел од владиниот Интервентен план за инвестиции 2021-2027, кој овозможува одржлив економски раст и подобар животен стандард. Го развиваме недопрениот Источен и Североисточен регион и ги фокусираме инвестициите за развој на туризмот преку целосно искористување на природните убавини и потенцијалот на нашата држава“, вели Николовски.

Иницијативата за изградба на ски центар на Осоговието е од поодамна и досега беа преземени повеќе активности за идејно уредување на овој локалитет, но не можеше да се најде инвеститор за реализација на проектот.

(Ж.Ц.)

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk