Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Универзитетот за туризмот и менаџмент од Скопје обезбеди 15 стипендии за упис на додипломски студии за идни студенти од општина Кратово во академската 2022/2023 година.
За таа цел, ректорот на универзитетот , проф. д-р Аце Миленковски и градоначалникот на општина Кратово Тодорче Николовски потпишаа Меморандум за соработка, а во иднина ќе се организираат разни активности и проекти од областа на образованието и науката, со кои ќе се придонесе за подигање на квалитетот на образованието во Општина Кратово.
Стипендиите и профилирањето на кадри од областа на туристичкиот менџмент ќе придонесат за зајакнување на капиталот на човечки ресурси во Кратово како град со значајно културно наследство и зачувани вредности, кои будат интерес кај голем број туристи од целиот свет.