Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Распишан е јавен оглас за вработување на определено работно време на 130 стручни соработници - приправници - образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование, за учебната 2021/2022 година.
Јавниот оглас го распишува Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, а опфатени се основните училишта во Куманово, Липково Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, како и Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Чучер Сандево.
Ќе бидат вработени образовни асистенти во одделенска настава, предметна настава и во комбинирана паралелка во училиштата на македонски и албански наставен јазик.
Повеќе информации на следниот линк:http://www.idnina.edu.mk/javen-oglas-za-vrabotuvanje-na-opredeleno-rabotno-
vreme-na-130-struchni-sorabotnici-pripravnici-obrazovni-asistenti-za-uchenici-so-poprechenosti-vo-osnovnoto-obrazovanie.