×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен оглас за обука на негуватели за стари лица во Старо Нагоричане

    11.07.2025 12:38 | KumanovoNews

    Општина Старо Нагоричане и Црвен крст Куманово распиша оглас за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица, преку проектот – „За подобрување на социјалните услуги“, поддржан од страна на Светска Банка и Министерство за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија.

    Објавен оглас за обука на негуватели за стари лица во Старо Нагоричане

    Обуката за нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана и е бесплатна.

    „Се повикуваат сите заинтересирани лица од Општина Старо Нагоричане, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во период од 11.07.2025 до 31.07.2025 година“, стои во повикот.

    Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија, да имаат 18 години, а имаат општа психо-физичка способност за работа, да имаат минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица. Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени како негуватели во сервисот за нега во домашни услови при Општинска организација на Црвен крст Куманово во Општина Старо Нагоричане. Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

    Заинтересирани кандидати можат да се пријават на e-mail: [email protected] или лично во просториите на ООЦК Куманово на улица 11-ти Октомври број 4, контакт: 031 424 179 или на 071-244-981  лице за контакт Наталија Ѓуровска, како и во просториите на Општина Старо Нагоричане.