×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Кратово ќе го планира урбанистичкиот развој преку широко граѓанско учество

    22.10.2021 12:27 | Жаклина Цветковска

    Општина Кратово ги повика заинтересираните граѓани да се вклучат во урбанистичкото планирање за одржлив развој на урбаното и рурално подрачје, со цел да се обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на еден од најважните развојни области.

    Општина Кратово ќе го планира урбанистичкиот развој преку широко граѓанско учество

    Општината распиша јавен оглас за формирање на партиципативно тело во кое можат да учествуваат заинтересирани лица, граѓански организации и активисти, стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и други суштествени области за развојот и урбанистичкото планирање.

    „Партиципативното тело ќе ги претставува сите различни интереси и интересни групи во општина Кратово и ќе ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ќе ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија, а во постапките за изготвување и донесување на плановите ќе ги разгледува планските програми и решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија“, соопштуваат од општината.

    Учеството во Партиципативното тело е на доброволна основа, освен за лицата вработени во локалната самоуправа, кои тоа ќе го прават по службена должност.
    Работата на телото ќе биде јавна и тоа ќе има консултативна улога пред да бидат одобрени и дадени на стручна ревизија урбанистичките планови и
    програми.

    Општина Кратово е една од ретките локални самоуправи што започнува процес на широко партиципативно граѓанско учество во урбанистичко планирање, кое е едно од најголемите проблеми во државата каде се прават многу злоупотреби и узурпации.