×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 70 милиони денари за проекти од програмата за рамномерен развој во Североисточниот регион

    01.06.2022 16:42 | Жаклина Цветковска

    Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој, преку програмата за рамномерен регионален развој во 2021/22 година, обезбеди 70 милиони денари за проекти во општините од Североисточниот регион. Проектите ги имплементира Центарот за развој на Североисточниот Плански Регион, а предвидено е да се завршат до крајот на годината. 

    70 милиони денари за проекти од програмата за рамномерен развој во Североисточниот регион

    Во Куманово се работи на проектот „Изградба на смарт парк – Градски парк Куманово“, кој предвидува реконструкција на постоечките и изградба на нови рекреативни содржини, како и инсталирање на нова модерна урбана опрема, единствена во градот. Вредноста на целата инвестиција е од 11,22 милиони денари (околу 180 илјади евра).

     „Во Општина Кратово одобрени се средства за реконструкција на Домот на култура, т.н. Турски затвор, кој е споменик на култура и за еден сообраќаен проект за подобрување на сигнализација и визуелизација и поставување на табли во самиот град. Во Општина Крива Паланка планирано е довршување на еден проект кој го работиме во неколку фази, практично вмрежување на движење освен на жителите на Крива Паланка и туристите. Проекто се вика „За поубава Крива Паланка“, предвидено е поставување на бекатон плочки, меѓутоа и поставување на настрешница и табли кон манастирот Јоаким Осоговски. Во Општина Ракновце приоритет им беше да се интервенира на три локации, реконструција на локалниот пат Ветуница-Ранковце, Десетак Милин до Крајчина Маало и третиот е реконструкција на улици во селото Ранковце“, вели Младен Протиќ, директор на Центарот за развој на Североисточниот плански регион. 

    Во Општина Старо Нагоричане дадоа предлог за две активности, и тоа едната е реконструција на локален пат од маало Попчинци до маало Богдановци, а вториот е реконструкција на општинската зграда, со објект за промоција на туристичкиот потенцијал и прием на репрезентативни гости кои ја посетуваат општината.

    Општина Липково со сопствено учество ќе работи на изградба на патишта до селото Отља и во село Виштица.