Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Модерен и современ дневен центар за стари лица денеска свечено беше пуштен во употреба во Крива Паланка, во рамките на прославата за Голема Богородица и патрониот празник на градот „Св. Јоаким Осоговски“.
Дневниот центар е наменет за највозрасните жители од општината и ќе одговори на потребите на граѓаните.
„Како министерство нашата цел е да создадеме рамка која ќе значи поголема социјализација, активно живеење и што поголемо вклучување на оваа категорија на граѓани во општеството. Ги повикувам пензионерите да ја користат оваа услуга, а ние ги следиме и ги подобруваме социјалните услуги, кои се достапни и во најодалечените места. Покрај центрите за престој на стари лица со активно стареење, дел од социјалната реформа е и услугата за помош и нега во домот, која е наменета исто така за оваа категорија на граѓани“, истакна министерката за труд и социјална политика , Јованка Тренчевска.
Проектот е вреден 5.7 милиони денари, обезбедени преку проектот за подобрување на социјални услуги на МТСП, а дел кофинансира и општината. Давател на услугите е Црвениот крст од Крива Паланка, кој е достоинствен партнер со исклучителна грижа за возрасните.
Со отоврањето на овој центар ќе се обезбедат подобри и поквалитетни социјални услуги и ќе се збогати видот на услуги за највозрасната категорија граѓани.
„Општина Крива Паланка изготви и проект за изградба на Дом за стари лица, постојано сме во корелација со плановите на Министерството за труд и социјална политика и истиот веќе е ставен во програмата на министерството. Целта е да се обезбедат квалитени услуги за граѓаните во добра соработка помеѓу централната и локалната власт“, подвлече градончалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.