×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен кабинет со министерот Спасовски утре во Крива Паланка

    28.09.2023 14:43 | Жаклина Цветковска

     Утре, во 9,30 часот започнува „Отворениот кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во ОВР Крива Паланка.

     

    Отворен кабинет со министерот Спасовски утре во Крива Паланка

    Идејата е кабинетот на министерот во одредени денови да се  сели во другите градови каде граѓаните  ќе имаат можност  да се видат со него, началниците и други раководни лица од МВР и да им постават прашање кое сметаат дека ќе ја подобри безбедноста и работењето на полицијата.  

    Средба со министерот и неговите соработници можат да закажат  на телефонски број или на мејл адреса.  

    „Непосредната комуникација со граѓаните, за секое прашање, за прашањето на безбедноста е многу важна. Јас како министер и мојот тим, може да посведочиме што значи затвореност, а што отвореност на институција.  Поминавме низ еден период на транзиција и длабоко сме убедени дека комуникацијата со граѓаните е многу важна за јакнење на  довербата, секој еден да се чувствува како дел од безбедноста. Да седнеме и разговараме со граѓаните - тоа е начин на функционирање на ова раководство на министерството“, истакнува министерот Спасовски.

    Пред приемот на странки, Спасовски ќе оствари работен состанок со раководството на ОВР Крива Паланка. Во 13.10 часот, пак,  ќе го посети Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ каде ќе се реализира превентивна активност како продолжение на кампањата „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот.

    Проектот за отворениот кабинет  е дел од  утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“.