×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени најдобрите ученици и просветен работник во Крива Паланка

    26.05.2021 17:54 | KumanovoNews

    Општина Крива Паланка вчера ги прогласи најдобрите ученици и најдобриот просветен работник за учебната 2020/2021 година, кои традиционално се доделуваат по повод Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“.

    Прогласени најдобрите ученици и просветен работник во Крива Паланка

    Признанието за најуспешен наставник во општината и беше доделено на Снежана Златковска, наставник по  математика од ООУ„Илинден“, која има 25-годишно работно иксуство, автор е и соработник на многу едукативни и образовни дигителни пратформи за иновативни часови и користи најсовремени алатки и методи во наставниот процес. Само за последните 3 години има освоено 45 награди на општински, републички и државни натпревари како ментор на своите ученици, едукатор е на националната платформа за далечинско учење и има многу сертификати зад себе.

    Најдобри ученици и првенци на генерацијата,пак, се полуматурантките Теодора Митковска од ООУ„ Илинден“ и Сара Стефановска од ООУ „Јоаким Крчовски“, како и Глорија Стојковска, матурантка во СОУ „Ѓорче Петров“.

    „Признанијата што ги добија најдобрите и најуспешните во образовните институции се најубав можен начин на чествување на Денот на сесловенските просветители. Оваа манифестација нека биде мотив за понатамошни успеси и поттик за уште поголеми резултати. Кога некој работи посветено и макотрпно резултатите, признијата и вреднувањето не изостануваат“, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

    (Ж.Ц)