Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Крива Паланка е град со голема историја и традиција и таму културата се работи со жар, љубав и посветеност.
Уверена сум дека како Град на културата ќе оствариме и меѓународна поврзаност и нова соработка преку која и во иднина ќе можеме достојно и гордо да ја претставуваме македонската култура надвор од границите, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска на промоцијата на Крива Паланка како Град на културата за 2024 година, која се одржа во Музејот на македонската борба во Скопје.
Програмата „Град на културата“ е проект на Министерството за култура , кое ја поддржува Крива Паланка со 3 милиони денари за реализација на богатиот репертоар настани.
„Целокупната програма во рамките на манифестацијата “Град на културата 2024“ ќе даде нов пулс на градот , поголема посетеност и афримација на културното и природно богатство на Осоговскиот регион. Со поддршката во културата и во инфраструктурата, им помагаме на уметниците, пред сè, на младите и на креативните, но ги одржуваме и традицијата и историјата на тамошниот крај“, подвлече министркта.
Градоначалникот на Крива Паланка ,Сашко Митовски, истакна дека ќе бидат вложени сите ресурси и капацитети на општината за да ја оправда титулата на културна престолнина во 2024 година, особено што ја добива по вторпат од 2013 година.
„Огромна е честа што Крива Паланка како мала општина успеа да се избори да биде центар на културата наспроти културните метрополи во државата, што дава дополнителна вредност и значење на нашата културна програма. Општината, заедно со НУ Центар за култура, ЛУ Градски музеј, и со поддршка на Министерството за култура , во изминатите две години интензивно вложува на полето на културата по која станавме препознатливи во целиот регион“, посочи градоначалникот Митовски.
Според него, титулата „Град на културата 2024“ е круна на сите заложби и насочена енергија кон градење имиџ на препознатливост на градот како достојна дестинација за културен туризам.
Програмата за „Град на културата 2024“ содржи над 50 настани и тоа: концерти, класична, џез и популарна музика во изведба на врвни музички имиња од македонската сцена, театарски претстави, ликовни изложби, книжевни вечери, фолклор, традиција, филмска уметност , програма за најмладите.
Буџетот за културната програма изнесува околу 15 милиони денари од кои 3 милиони се од Министерството за култура, 9 милиони од Општина Крива Паланка, а останатите од донатори.