×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирано капитално дело за 180 години образование во Крива Паланка од д-р Јордан Михајловски

    16.06.2021 15:55 | KumanovoNews

    Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, денеска, беше промовирано делото „Историја на образованието и просветата во Крива Паланка“, чиј автор е кривопаланчанецот д-р Јордан Михајловски, познат хроничар и автор на повеќе монографски дела за оваа општина.

    Промовирано капитално дело за 180 години образование во Крива Паланка од д-р Јордан Михајловски

    Во ова капитално дело се собрани цели 180 години од почетокот на образованието во Крива Паланка, па се до современите текови и образовни  процеси.

    „Делото со право го носи предзнакот историја, бидејќи е макропроект, работен со пасионирана посветеност на д-р Михајловски, кој објективно тврди дека мал број на градови имаат систематизирано сведоштво за образованието и просветата од нејзините иницијални почетоци. Духовната рамка на кривопаланечкиот простор се потпира на три сусштински елементи: првото келијно училиште во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, просветата и преродбата преку делото на Јоаким Крчовски кој творел на овие простори и образованието и просветата проследени низ период од изминатите 200 години“, истакна промотерката и рецензент на делото Маја Јакимовска Тошиќ, директорка на Институтот за македонска литература.

    Делото е резултат на 20-годишен труд и истражување на Михајловски, кој сака оваа книга да живее и да се сочуваат процесите и луѓето кои оставиле белег во образованието во Крива Паланка.

    „Се трудев да го прикажам 200-годишниот интелектуален и духовен напор на плејада дејци, револуционери, учители и ученици,кои оставиле белег во образованието и школството.Делото се вклопува во одбележувањето на 10 века од првото житие на Св. Јоаким Осоговски“, 170 години од возобновувањето на Големата Соборна црква, 130 години од првото предучилишно образование и 60 години од гимназиското образование“, посочи авторот Михајловски.

    Издавач на ова капитално дело е општина Крива Паланка, а градоначалникот Борјанчо Мицевски истакна дека собирањето и сублимирањето на толку многу факти е стимул за понатамошен образовен развој , но и уште поактивна научно-истражувачка дејност.

    Директорот на Градскиот музеј Драган Величковски, пак, подвлече дека ова големо народно дело од Осоговскиот манастир и Градската црква „Свети Димитриј“ ја одразува жедта за слобода и образование на народен јазик на прогресивна, преродбеничка, егзархиска и востаничка Крива Паланка.

    „Во тие бурни историски периоди, особено во 19 век, кривопаланечката интелегенција меѓу првите ќе се одважи да ја откаже јурисдикцијата на патријаршијата, а со тоа и нивниот јазик, писмо, богослужба и образование.Бурниот пламен ја поттикнува интелегенцијата да се образува и да образува, просветлува, мотивира и ангажира генерации и генерации кривопаланчани“, рече Величковски.

    (Ж.Цветковска)