×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Просветителот Јоаким Крчовски прогласен за светител

    22.05.2022 19:48 | Жаклина Цветковска

    МПЦ-ОА денеска го канонизираше просветителот и игумен Јоаким Крчовски за светител, со света божествена литургија, која се одржа во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка.

    Просветителот Јоаким Крчовски прогласен за светител

    Вбројувањето на Крчовски во редот на светите доаѓа по иницијатива на Кумановско- Осоговската епархија и отсега неговите останки ќе се сметаат за свети мошти на кои ќе им се оддава достојна почит.

    „Овој чин на канонизација не значи дека ние произведуваме светител, туку дека му даваме на народот образац на вистински божји угодник, пример за нас во достојното живеење на Христовото Евангелие“, истакна поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски, Стефан, кој ја изврши канонизацијата, во сослужување на Митрополитот Кумановско-Осоговски, Григориј.

    Јоаким Крчовски е првот македонски просветител, кој воедно бил и свештеник и учител, го ширел христијанството и е првиот кој пишувал на разбирлив народен јазик. Автор е на првата отпечатена книга на македонски народен јазик „Слово исказаное заради умирание“, печатена во 1814 година во Будим. Едно време живеел и творел и во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка и одиграл голема улога во просветителството на народен јазик.

    Синодот го предлага 23 мај како датум за прославување на ликот и делото на Крчовски. Општина Крива Паланка, пак, на утрешната седница на Советот ќе даде предлог- одлука за прогласување на овој датум за неработен ден. Истовремено, ќе се донесе и одлука за преименување на ООУ„ Јоаким Крчовски“, во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“.