×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сара Стефановска со нов бронзен медал на Европската олимпијада по информатика во Цирих

    20.06.2021 11:54 | KumanovoNews

    Полуматурантката Сара Стефановска од ООУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка постигна нов успех во програмирањето, освојувајќи бронзен медал на Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД), што оваа година се одржа од 13-19 јуни во Цирих, Швајцарија.

    Сара Стефановска со нов бронзен медал на Европската олимпијада по информатика во Цирих

    Како дел од 4-члениот македонски тим, покрај Стефановска, со бронзен медал се закити и Кристина Тасева, ученичка од трета година во Скопје, кои работеа под менторство на лидерите м-р Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).

    „Примарна цел на оваа олимпијада за девојки е да се поттикне интересот за информатиката и кај девојките, кои се во забележливо помал процент присутни на редовните интернационални олимпијади по информатика. Олимпијадата се стреми да им овозможи на најдобрите европски талентирани ученички да ги покажат знаењата и вештините што ги стекнале во областа на информатиката, а поконкретно во програмирањето“, велат од Здружението на информатичари на Македонија.

    За Сара, која е државен првак по информатика, ова е втор бронзен медал од европските олимпијади. Таа веќе има бронзен медал од Европската младинска олимпијада по информатика, а досега има освоено и два златни медали на Македонските јуниорски олимпијади (2020 и 2021 година). Со само 10 години започнала да програмира и толку многу се усовршила што веќе држи курсеви за ученици, кои исто така освојуваат награди на државни и регионални натпревари. Сака да им го пренесе знаењето на своите соученици, но и да ги охрабри дека информатиката е многу убава и интересна наука.

    Поради пандемијата, годинава натпреварот се одржа онлајн, со учество на вкупно 157 ученички од 43 земји.

    „Голем е успехот на македонските натпреварувачки во оваа исклучително силна конкуренција да освојат два бронзени медала, а и останатите две натпреварувачки да се во рангот на поени што овозможуваат посебна олимписка пофалба. Среќен сум што и во овие вонредни услови, успеавме да ги одбереме и подготвиме најдобрите натпреварувачки, за да можеме да се натпреваруваме на исто ниво соостанатите учеснички. Очигледно дека воведувањето на предметите основи на програмирање и работа со компјутер од трето од петто одделение, а потоа предметите информатика, програмирање и програмски јазици даваат резултати“, изјави д-р Миле Јованов, претседател на ЗИМ.

    (Ж.Цветковска)