×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се гради водовод кон Калин Камен под сомнителни околности, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот испрати инспекција

    08.06.2022 21:01 | Жаклина Цветковска

    На патниот правец кон локалитетот Калин Камен се врши ископ за водоснабдителен систем под крајно сомнителни околности, а на самиот пат се вршат прекопувања и оштетување на асфалтниот слој, реагира преку видео прес  ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка.

    Се гради водовод кон Калин Камен под сомнителни околности, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот испрати инспекција

    „Апелираме до надлежните органи, градоначалникот, ЈП „Комуналец“, инспекциските служби и МВР да извршат увид и да дадат одговор кој е инвеститор и изведувач на работите, има ли проектна документација, дозвола за градење, одобрение за прекопување на патот, кои ќе бидат корисници и на кој систем ќе се приклучи новиот водовод што се гради на значаен патен правец“, прашува Емил Спасовски, претседател на огранокот и координатор на советничката група на кривопаланечката опозиција.

    Веднаш по нивното алармирање за оваа градба, со писмена реакција се јави градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој информираше за настанатата  состојба во селото Варовиште. 

    „Веднаш по добивање на информацијата за изградба на водоснабдителен индивидуален водовод, од моја страна е издаден налог за споведување на соодветен инспекциски надзор и контрола на настаната состојба со поставување на индивидуален дистрибутивен систем за техничка вода на инвеститорот кој има легален изграден објект. Констатирано е дека е ископан  ров од 3 м, поставено ПБЦ црево и истиот тој ров потрупан, а земјиштето вратено во првобитна состојба“, информира градоначалникот Митовски.

    Истовремено, утврдено е дека новопоставениот цревовод не е приклучен на водоснабдителниот систем со кој стопанисува ЈП ,,Комуналец”. Инвеститорот има поднесено барање на 12.05.2022 година за приклучок на техничка вода на својот објект, но ЈП ,,Комуналец” се уште се нема изјаснето по барањето. Исто така, за  прекопувањето инвеститорот нема поднесено барање до Општината. Моментално, инвеститорот е надвор од државата, а некои од учесниците /изведувачите се од Скопје, заради што  постапката за утврдување на сите факти и докази е во тек.

    „Апелирам и ги охрабрувам сите надлежни институции да постапат согласно позитивните законски норми и соодветно секој од инволвираните да ја сноси својата прекршочна или кривична  одговорност“, потенцира Митовски.

    Од опозицијата велат дека со ова градоначалникот ги потврдил нивните сомневања дека водоснабдителниот систем се гради без дозвола и е дивоградба и го повикуваат  МВР да поднесе  кривичната пријава за бесправно  градење и уништување на локален пат.