×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се запали Градската депонија во Крива Паланка, чад и смрдеа се шират низ градот

    05.10.2023 13:05 | Жаклина Цветковска

    Во раните утрински часови запалена е Градската депонија во Крива Паланка , лоцирана во селото Конопница, а чад и смрдеа се шират низ градот.

    Се запали Градската депонија во Крива Паланка, чад и смрдеа се шират низ градот

    Од ТППЕ Крива Паланка информираат дека пожарот настанал околу 01,30 часот по полноќ , а депонијата била запалена и од левата и од  десната страна, по што дошло до спојување на пламените јазици што го оневозможуваат локализирањето и гаснењето на отпадот.

    „Интервениравме со 8 цистерни вода, но бесполезно. Пожарот се проширил, а  се работи за запален отпад кој може да се изгасне само со потрупување со земја, што и се прави во моментов. За жал, депонијата уште гори, а поради ветерот чадот и смрдеата се проширија дури до Општина Ранковце“, вели Иле Коцевски командир на РППЕ Крива Паланка.

    Од Општина Крива Паланка информираат дека станува збор за пожар од поголем обем за што ангажирани се сите вработени, сите екипи на Територијалната противпожарна единица и вработените во ЈП Комуналец, кои  со целокупната расположлива механизација се на терен.

    На помош се приклучија и приватните компании кои изведуваат градежни работи на територијата на општината,  кои со камиони обезбедуваат материјали за побрзо справување со состојбата.