×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Првачињата во Општина Старо Нагоричане на есен ќе добијат по 3.000 денари

    18.05.2023 10:46 | Сузана Николиќ

    Општина Старо Нагоричане на секое прваче кое ќе се запише во учебната 2023/24 година ќе му даде по 3.000 денари. Советниците ја донеле оваа одлука на поселдната седница со цел да им ги олеснат трошоците на семејствата на новите ученици.

    Првачињата во Општина Старо Нагоричане на есен ќе добијат по 3.000 денари

    „Советот на Општина Старо Нагоричане донесе одлука која ќе се применува од 01.01.2023 година за исплата на помош за секој ученик од Општината запишан во прво одделение во учебна 2023/2024 година. Исплатата ќе се врши по доставен список со обезбедени податоци за родителот/старателот на ученикот од страна на општинските основни училишта на територија на Општина Старо Нагоричане за наведените ученици. Притоа од Буџетот на Општината за 2023 година ќе се исплаќаат средства како помош во висина од најмногу 3.000 денари за секој ученик“, информираат од Општина Старо Нагоричане.

    Минатиот месец ваква одлука донесе и Советот на Општина Куманово, на секое првече од есен да му се исплати по 2.000 денари.