×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со локалитетот „Камени кукли“ во наредните 4 години ќе управува Музејот на Кратово

    30.06.2022 13:28 | Жаклина Цветковска

    Локалитетот „Камени кукли“ во село Куклица во наредните 4 години ќе го стопанисува Музејот на град Кратово. Целта е овој туристички бенд редовно да се одржува и да биде достапен за заинтересираните туристи.

    Со локалитетот „Камени кукли“ во наредните 4 години ќе управува Музејот на Кратово

    „Со одлука на Советот на Општина Кратово локалитетот „Камени кукли„ е преотстапен на четиригодишно користење на музејот. За почеток реализиравме заедничка акција со Јавното комунално претпријатие за расчистување и уредување на ова туристичка атракција и природна реткост во нашата држава“, вели Драган Ѓоргиевски, директорот на Музејот на град Кратово.

    Во акцијата е собран речиси еден тон смет, оставен и одложен од страна на несовесни граѓани. Исчистени се пешачките патеки, уредена е урбаната опрема, репарирана е влезната капија, клупите, а ќе се постават и нови корпи за отпадоци и монтажни тоалети.

    На локалитетот се достапни за продажба и сувенири, а согласно одлука на Управниот одбор на музејот, ќе се наплаќа и симболична сума за влезници: 60 денари за домашни и 120 денари за странски туристи.

    „Интересот за посета на „Камени кукли“ во изминатиот период е зголемен, особено по завршување на пандемијата, така што бројот на туристи од ден на ден расте. Слободно, сите посетители можат да дојдат и да го посетат во секое време локалитетот. Остваривме соработка и со Здружението „Извор“ за промоција и подобро претставување на локалитетот пред странските и домашни туристи, а во интрес на продолжување на богатата туристичка традиција на посета на овој локлитет и на општината. Сите заинтересирани за групни посети можат да добијат информации и да се обратат во Музејот на град Кратово или во Инфо-центарот на самиот локалитет“, нагласува Ѓоргиевски.

    Локалитетот „Камени кукли“ е дело на природата, настанато со ерозија на вулканските карпи и претставува комплекс на камени фигури, стари над 50 илјади години. За него е врзана и легендата за скаменетата свадба. Вљубената девојка, разочарана што нејзиниот сакан се оженил за друга мома , ги проколнала младенците и сватовите. На денот на свадбената веселба клетвата се остварила и сите сватови се скамениле,опстојувајќи така до ден денешен и пренесувајќи ја трагичната судбина за една неостварена љубов.