×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со учество на граѓаните ќе се изготвува буџетот на Општина Крива Паланка за 2024 година

    19.10.2023 11:06 | Жаклина Цветковска

    Буџетот за 2024 година на Општина Крива Паланка и овојпат ќе биде изготвен со активно учество на граѓаните и тоа преку повеќе форми на нивно партиципирање.

    Со учество на граѓаните ќе се изготвува буџетот на Општина Крива Паланка за 2024  година

    Притоа, секој граѓанин  ќе може да учествува во подготовка на годишните програми и нивната финансиска рамка  за идната година, а со самото тоа и во донесувањето одлуки на локално ниво.  

    „Со цел да се овозможи поедноставување на овој процес и за поголема партиципативност и вклученост на граѓаните,  граѓанските здруженија и правни лица при креирање на буџетот за 2024 година, Општина Крива Паланка постави и анкетен прашалник и посебен линк, кој води до него: https://forms.gle/i9qEcsawSxpvcUP1A“, стои во соопштението од општината.

    Се  охрабруваат сите граѓани  во анкетниот  прашалник да ги наведат своите приоритети, предлози, потреби и идеи за подобрување на условите за живот во локалната заедница, како и решавањето на проблеми со кои се соочуваат.

    Истовремено, општината и оваа година ќе организира буџетски формум за креирање на годишните програми кои се воедно и родово одговорни со соодветни индикатори.

    Предлозите од граѓаните ќе бидат разгледани и анализирани од соодветните одделенија и сектори во Општина Крива Паланка и сите реално остварливи предлози и идеи, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите, ќе бидат интегрирани во буџетските програми.