Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Спектакуларно огнено-светлечко шоу приреди групата Паљачи од Варна, Бугарија, на манифестацијата „Сусурига 2024“ во Крива Паланка, која се одржа во чест на празникот Прочка.
Публиката беше воодушевена од атрактивните и возбудливи креации и фигури што ги изведоа мајсторите на огнот и светлината, а најмногу се израдуваа децата.
Во рамките на манифестацијата се одржа и дефиле на групни маски на кое учествуваа Бамбурци од Ратево, Берово, Џоломари од Манастирец, Росоман, Џамалари од Сопот, Кавадарци и локалните групи Осоговски Биждеци при КУЗ „Карпош“ и Трновски ветришта од КУД „8-ми Октомври“ при НУ Центар за култура Крива Паланка.
Со „Сусирига 2024“ официјалнио започна програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“, поддржана од Министерството за култура.