×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Светскиот ден на младите од Североистокот ќе се прослави во Крива Паланка со младинска суб-култура

    10.08.2023 12:34 | Жаклина Цветковска

    Скејт, диџеј и мурал катче, се главните локации во Крива Паланка на кои ќе се одвиваат  настани анимирани од младите и нивните вештини, во чест на Светскиот ден на младите, 12 август.

    Светскиот ден на младите од Североистокот ќе се прослави во Крива Паланка со младинска суб-култура

    Настанот насловен како Скејт бран (SkateWave: Youth Underground Unleashed)  го организира Европска куќа Крива Паланка, утре, во период од 18-20 часот, а ќе учествуваат млади од Куманово, Крива Паланка, Кратово и други општини од Североистокот, како и од Скопје. Целта е да се прослави автентичноста и иновативноста на младинската култура и креативниот дух.

    „Оваа година посебен фокус ставаме на поалтернативните видови на младинската суб-култура како што е скејтерството, локалните уметници кои промовираат алтернативни музички правци и уличната уметност, поточно мурализмот,  со цел да се дадат еднакви можности на сите  групи млади да бидат видени нивните вештини, слушнат  нивниот глас како и да имаат еднаков пристап кон придонесот во креирањето на младински општества“, велат организаторите.

    Во урабаниот дух на скејт паркот во Крива Паланка, младите скејтери од овој град, како и од  Куманово и Скопје ќе имаат можност да ги покажат своите вештини и да ги промовираат вредностите на оваа култура. Сите заинтересирани можат да се придружат и да уживаат во нивните перформанси, како и да се запознаат со основите на скејтерството како спорт, култура и начин на живот.

    Во DJ катчето пеформансите ќе бидат проследени со музичка точка на DJ Deep Syndrome, а може да проба да биде DJ и да стекне вештини во оваа област.

    Во мурал катче на потпорната стена кај т.н. Карчова кривина, посетителите ќе можат да уживаат во магијата на уметноста на младиот муралист Дејвид Стоилковски а.к.а Молерај од Куманово, како и да се придружат во креирањето на муралот.

     Предвидена е и релаксирачка зона во непосредната околина на скејт паркот, за дружeње и социјализација на младите.

    Europe House Крива Паланка ги повикува сите млади од Североисточниот регион да се приклучат на одбележувањето на светскиот ден посветен на младината, да креираат, создаваат и да се дружат и уживаат.