×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците од стручните училишта учеа преку работа

    27.07.2021 09:55 | Жаклина Цветковска

    Ученици од стручните училишта од Крива Паланка, Кумново и Тетово развиваа вештини и учеа преку работа, во рамки на проектот Учење преку работа ( Work based learning), од програмата ЕРАЗМУС + акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука.

    Учениците од стручните училишта учеа преку работа

    Координатор на проектот е СОУ „Ѓорче Петров“од Крива Паланка, партнери се ССОУ „Наце Буѓони“од Куманово и РЦСОО „Моша Пијаде“ од Тетово, додека партнер – домаќин е Невладина организација од Португалија.

    „Проектот е успешно реализиран во мај 2021 година. Учениците и наставниците, кои беа вклучени во проектот, развија различни вештини и тоа: професионални, социјални, мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања, како и други придобивки“, истакна координаторот на проектот Драгана Стојановска.

    Сите учесници во проектот ги претставуваат училиштата и нивната работа во стручното образование. Во мобилноста од секое училиште учествуваа по 5 ученици и 1 наставник. Вкупно 15 ученици, 1 придружно лице и 3-ца наставници од нашата држава престојуваа 14 дена во Povoa de Varzim, во Португалија, каде ги реализираа предвидените активности. Во мај годинава беа реализирани и дополнителни 2 дена патувања.


    Како дел од дисеминацијата изработено е и промотивно видео од страна на учесниците на проектот, со цел успешно промовирање на постигнатите цели.