×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наташа Беквалац ѕвезда на годинешните „Златни денови“ во Кратово

    08.07.2025 13:47 | KumanovoNews

    Новосадска поп пејачка Наташа Беквалац ќе биде ѕвезда на фестивалот „Златни денови“, кој во петок и сабота ќе се одржи на градскиот плоштад во Кратово. 

     

    Наташа Беквалац ѕвезда на годинешните „Златни денови“ во Кратово

    Беквалац ќе настапи на втората фестивалска вечер во 23 часот.

    Организаторите најавуваат две незаборавни фестивалски денови и со домашни музички имиња. Покрај Беквалац, ќе настапат и Тајзи, Мартинијан  Кириловски, Мерак Меана со Анета Љумаковска, Даце, Тања Стефановска, Марјан Коцев, Адријана Кеш, Боби Павловски, а во полноќните часови следува забава со Ди џеј.

     „Учесниците  се гаранција за бескрајно задоволство на кратовчани и посетителите од Македонија и регионот“, велат организаторите.

    „Златни денови“ се одржуваат по седми пат, остануваат симбол на културната живост и автентичноста на Кратово како град кој секогаш носи нова приказна, а секоја песна создава спомени.