Кривична пријава против директор на училиште во Липково за злоупотреба на службата
08.07.2025 17:12
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 51-жител на Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Во текот на 2024, пријавениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување, без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерство за финансии и без објавување на јавен оглас, оштетувајќи го буџетот на државата во вкупен износ од 577.550 денари“, соопшти МВР.