Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кратово, утре (28 октомври), со почеток во 11 часот, ќе се одржи традиционалната манифестација „Компиријада 2023“.
Штандовите со традиционални и разновидни специјалитети од компир ќе бидат поставени пред платото на Дом на култура “Лазар Софијанов”, а најавени се гости од повеќе градови од Македонија, пред се од средните угостителски училишта во државата.
„Кратово е далеку познат по своите природни убавини, но познат е и по вкусната храна на која ретко кој може да одолее. Ќе се презентираат богатите трпези со храна од кратовското поднебје, со цел да се промовира коампирот како градинарска култура кој често е дел од безброј главни јадења, предјадења, салати, печива, а понекогаш и десерти“, велат од општината.
Манифестацијата привлекува голем број посетители, кои уживаат во прекрасните специјалиети и декорации од компир.
Во рамките на Компирија 2023 ќе се одржи и културно - забавна програма со настап на познатите Кратовски тамбураши и рок бендови за помладата публика.