×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Крива Паланка Дедо Мраз ќе пристигне со хеликоптер

    26.12.2022 09:16 | Жаклина Цветковска

    Дедо Мраз годинава во Крива Паланка ќе пристигне со хеликоптер.

    Во Крива Паланка Дедо Мраз ќе пристигне со хеликоптер

    Неговото „слетување“ е најавено за 30 декември, во 12 часот, на Градскиот плоштад, кога на радост на најмладите ќе им подели подароци и на оригинален начин ќе ја надополни новогодишна магија.

    Покрај раскошно украсениот град, Општина Крива Паланка организира и богата новогодишна програма со многу настани, која започнува утре и ќе трае се до 31 декември.

    Во пресрет на Новата 2023 година, кривопаланчани ќе ги забавуваат Тајфата, Браво бенд, ДНК, Слаткар, Артист бенд, Лозано, Брас Брадерс, Некст тајм, Пајак, а најмладите ќе уживаат во хитовите на Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“, Дајте музика и Дарко жонглерот.

    Вечерта, на 31 декември, нема да има организиран дочек на Градскиот плоштад, а забавата продолжува во угостителските објекти и во семејните домови.