Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Резервоар за вода со капацитет од 1.000 кубни метри ќе се гради за потребите за водоснабдувањето на селата во општина Липково. Проектот чини 720.000 евра, има за цел да го подобри снабдувањето со вода во домаќинставата во повисоките села од липковскиот регион.
Новиот резервоар ќе се гради во селото Липково, до Филтер станицата и претставува надополнување и комплетирање на инфраструктурата зарадии стабилизирање на дотурот на вода во домаќинставата.
„Приклучени сме на езерото Глажња, а со изградбата на резервоарот ќе се зголеми притисокот на вода во домаќинствата, но и во целокупната мрежа, па и најдалечните корисници ќе имаат стабилен дотур на вода. Жителите на повискоите населени места можеби ќе немаат силен притисок, но нема да случува да остануваат без вода, што е најважно“, вели истакнува Џезми Муслији, раководител на секторот за ревизија во Општина Липково.
Динамичниот план за изведување на работите е веќе доставен до општинските служби, а се очекува работите да започнат по потпишување на договор за услуги и надзор.
Градежните работи ќе започнат на пролет, а ќе ги врши фирмата „Ју-Бај 2 Амет“ ДООЕЛ од селото Бојане, скопско.Изградбата треба да трае 5 месеци.
Досега се реконструирани резервоарите во селата Слупчане, Оризаре, Матејче, Никуштак, а во Виштица е изграден нов, со што е извршено проширување на дистрибутивната мрежа за водоснабдување во Општина Липково.