×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во недела по 15-ти пат ќе се одржат Бајловски средби

    28.09.2023 14:26 | Оливера Пешевска

    Во селото Бајловце, Општина Старо Нагоричане, во недела ќе се одржат 15-тите по ред Бајловски средби во организација на Здружението „Козјачија во срцето“. 

    Во недела по 15-ти пат ќе се одржат Бајловски средби

    Манифестацијата традиционално се организира во првата недела по големиот христијански празник Крстовден, денот на осветување на селската црква „Св. Димитрија“. 

    Манифестацијата ќе започне во 11 часот, откако ќе заврши неделната литургија, со културно-уметничка програма, настап на ученици од подрачното училиште во с.Бајловце, КУД „Ѓоко Симоновски“ од Здружението на пензионери Куманово, КУД „Срма“ и неколку пејачи.

    „Освен што ќе бидат поставени бајловските баници, во 14 часот ќе биде послужен бајловскиот грав за сите присутни. Досега имаме пријавено заинтересирани лица за организиран превоз, околу 100 души, но повеќето посетители доаѓаат со приватни возила. Традиционално на манифестацијата присуствуваат луѓе кои потекнуваат од овој крај, но и други гости од регионот“, изјави Зоран Бојковски од Здружението „Козјачија во срцето“.

    Превоз на заинтересираните посетилети ќе има преку туристичката агенција Јоцо Турс, а повратниот билет чини 300 ден.

    Бајловските средби се одржуваат под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Старо Нагоричане. Дел од финансиските средства се собрани и од спонзорства на приватни фирми.