×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ноќно капење во Стрновец и Пелинце

    04.08.2014 07:42 | KumanovoNews

    Базените со термална вода во Стрновец и рекреативниот центар Пелинце се двете места на кои кумановци тераат одмор кога не се на море.

    Ноќно капење во Стрновец и Пелинце

     На 20-ина километри од Куманово,  во двете подкозјачки села, недопрената природа ја надополнува и реката Пчиња, а дебелата ладовина и чистиот воздух, се само причина повеќе граѓаните да побегнат од градскиот асфалт и летните жештини.

        Во бањата Стрновец дневно доаѓаат по педесетина луѓе од сите генерации. Во предпладневните часови и дневна шема фаќаат главно повозрасни луѓе, а во вечерните и ноќни часови се капат млади луѓе.

      „Овде доаѓаме исклучиво за забава. Навечер се собираат само млади, бидејќи водата е топла и не ни пречи што температурите надвор е пониска. Наместо да одиме во кафулиња по градот, често тука доаѓаме цело друштво и правиме журки до раните утрински часови. Има кафани и музика, и одлично се забавуваме„,- раскажуваат младите кумановци.

      Повозрасните, базенот на отворено  го користат за бањски туризам и одмор. Доаѓаат луѓе од целиот регион и Јужна Србија заради топлата вода од 39,5 степени, која лекува ревматски заболувања.

       Јас сум тука секоја година и правам по 20-30 бањи. Немам никакви здравствени проблеми, ама водата многу ме опушта и се чувствувам многу убаво и смирено. Немам пари да одам на море ама и овде е убаво, -велат постарите куманоци.

     За хигиената и редот во бањата се грижи јавно претпријатие од Општината Старо Нагоричане.

        Годинава поставивме дрвена конструкција и со мрежа го покривме базенот, за да ги штити капачите од сонце. Го уредивме и оплеменивме просторот со тушеви, кабини за пресоблекување и тоалети. Засадивме и цвеќиња. Базените ги чистиме секојдневно, а водата ја менуваме на три дена. Комплексот го опслужуваат наши вработени во три смени 24 часа заради безбедност на посетителите. Имаме голема посетеност и во работните денови,  а за викендите и празниците дури и по 200- 300 луѓе,- вели Борко Соколовиќ, директор во ЈП „Козјак„ во Старо Нагоричане.

      И додека во Страновац се е импровизација и прилагодување на она што природата го создала, и се користи само во летниот период, рекреативниот центар Пелинце со меморијалниот центар АСНОМ, е место за секое време од годината. Таму има сместувачки капацитети од десет соби, ресторан за повеќе од 100 лица, спортски терени, уредени паркови, золошка градина, простор за кампување, плажа покрај реката и други придружни содржини. Покрај кумановци, тука повремено престојуваат и гости од страна.

      Гости доаѓаат главно за викенд, празници или кога има организирано ексурзии. Најголема посетеност имаме за Илинден. По реновонирањето на ресторанот очекуваме дека ќе имаме многу повеќе гости од порано затоа што ова прекрасно место го заслужува тоа,- велат од ЈП „Чистота и зеленило„, кои стопансисуваат со објектите.