×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Првото училиште во старо Куманово

    02.11.2019 10:11 | KumanovoNews

    Турците го притискале македонскиот народ и не му давале никаква слобода, го држеле неписмен и во покорност, а градовите и селата, не бавно туку речиси и воопшто да не се развивале.

    Првото училиште во старо Куманово

    Во 1830 година, Турците под притисок морале да дозволат да се отвори училиште, па тоа било направено во куќата на Стојан Ќехајата. Првиот учител бил Гаврил Кратовац. Во 1843 година бил ангажиран и учителот Денко Крстиќ, а во 1852 година во Старата црква учителот бил кумановецот Ване.

    Подоцна постоело и т.н патријаршиско училиште кое работело во куќата на Ангелко Ристиќ, кој и бил учител. Тогаш наставата била изведувана според манастирски методи, а основните учебници биле неколку црковни книги. Но, интересно е тоа што и тогаш имало настава која била одделена, за деца до 7 години. Многу почитуван учител и борец за македонското дело бил Ѓоре Борозанов.

    Иако турските закони биле строги, сепак кумановците биле смели, па знаеле навечер да се соберат во куќа на некој близок пријател. Се собирале денес кај еден, утре кај друг: разговарале за актуелните проблеми, разговарале за своите згоди и незгоди, за борбата која треба да ја водат против окупаторот, за земјоделството итн. Меѓутоа, не можеле да си ја сопрат својата кумановска жед за забава и музика, па ги затемнувале собите и си потпевнувале тивко. Така, на таквите седенки се создавале пријателства, се заборавала маката, се случувало вљубување, а биле склучувани и некои свршувачки.

    Изградбата на посовремено Куманово, започнува дури на почетокот на ХХ век, но и тогаш Куманово е се' уште стар турски град со 2.300 приземни куќи со приземје и 15.000 жители.

    Извор ("Старо Куманово"-П.Трајковски)


    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk