×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Турска касарна постоела на просторот на денешната Спомен- костурница во Куманово

    14.01.2024 18:41 | KumanovoNews

    Еден од многуте „импозантни“ објекти во Куманово кои се урнати и веќе не постојат спаѓа и некогашната касарна, а се наоѓала на просторот на денешната Спомен-костурница. 

    Турска касарна постоела на просторот на денешната Спомен- костурница во Куманово

    За точната година за изградбата на објектот дознаваме во Салнамето (годишната книга) на Косовскиот вилает од 1896/97 година, каде меѓу другото се споменува и овој објект: “...Во Куманово има: еден нов и прекрасен владин конак, една телеграфска станица, една саат кула, еден амам, една медреса, две-три текии, ЕДНО СКЛАДИШТЕ ЗА МУНИЦИЈА КОЕ ВО МИНАТАТА 1888/89 ГОДИНА ГО ИЗГРАДИ ВОЈСКАТА НА ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД 20 МИНУТИ ОД КАСАБАТА, како и...“

    Јован Хаџи Васиљевиќ, при крајот на 19 век, за просторот на денешната Спомен-костурница, кој смета дека во минатото постоела тврдина-кале, вели: „На север од денешното Куманово, помеѓу Врањскиот и Паланечкиот пат, баш каде пред неколку години е подигната касарна за кумановскиот гарнизон, се познавале траги од некаква градба...“.

    Еден српски патник, кој поминал во Куманово во 1913 година (една година после Кумановската битка), за оваа касарна меѓу другото и вели: „Веднаш при влезот во Куманово, ви паѓа во очи една голема и убава зграда. Таа зграда подигната е на рид, а недалеку од неа убав павилјон каде некогаш турските официри седејќи и одмарајќи се, го посматрале градчето Куманово, кое оттука изгледало величанствено, како и сите ориентални градчиња. Таа голема зграда била некоја турска касарна, а денеска е магацин, каде нашата војска ја складирала освоената турска муниција и воена опрема. Велат дека нашите тука по заминувањето на Турците затекнале преку 50.000 шинела“. 

    Касарната подоцна била пренаменета во Воена болница. Немаме точен податок кога била урната. 

    (Пишува: Филип Ѓошевски, проф. по географија)