×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Уќумат сокак – најстара турска улица во Куманово

    21.05.2022 10:52 | KumanovoNews

    За потребите на турската управа, судската и полициска власт, во 1880 година во непосредна близина на Старата (Ески) џамија, бил подигнат Уќумат (Конак уќумати), каде биле сместени кадијата со останатите судски и полициски органи. Во него заседавало и градското собрание.

    Уќумат сокак – најстара турска улица во Куманово

    Тоа била двоспратна зграда со слаб материјал која била подигната на место каде се наоѓал исти таков објект со идентична функција. По тој објект и улицата во турскот период носела назив Уќумат сокак (Хуќумат-сокаги).

    Исто така во овој сокак, освен денешната Стара (Ески) џамија која сите ја знаеме, се наоѓала и Јени-џамија. Јени или Нова џамија како христијаните ја нарекувале, се наоѓала во близина на Ески џамија на самиот Одун пазар (пазар за дрва), на просторот каде денеска се наоѓа зградата на Општина Куманово, а во близина се наоѓале и абаџиски дуќани. Јени џамија била многу помала и попроста од старата Ески џамија, а ја подигнал во 1803 година некој Ибрахим бег, „новодојденец“ кој работел во турската управа како службеник. Јени џамија била срушена во виорот на Балканските и Првата светска војна. 

    Кумановската Саат-кула,  се наоѓала во непосредна близина, преку патот од Ески-џамија. Се смета дека била подигната во исто време кога и Старата (Ески) џамија, со оглед на тоа дека Евлија Челебија ја споменува во својот патопис од 1660 година. Била срушена во периодот на Втората светска војна. 

    На сликата уште може да се забележи и Саат-кула која денеска ја нема.

    Во близина на Уќумат сокак се наоѓале и безистенот и ќурчијаната.

    Безистенот се наоѓал на просторот на денешен хотел Кристал. Го изградил Кратовскиот Бари бег, а во него биле сместени 26 трговински дуќани. 

    Филип Ѓошевски, дипломиран географ

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk