Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На турнирот во мал фудбал во Љубанци вечерва во 20 часот екипата на Здружението на бранители “2001 Куманово“ ќе ги одмери силите со локалната екипа “Македонија 1987“.
Се подготвуваме за да го оправдаме имиџот на здружението. Од Куманово за учество се пријавија повеќе екипи, но ние први ќе настапиме на Меморијалниот турнир. Во недела бевме на ревијалното отварање на кое играа сениори од “Вардар“ и екипа од пратеници, претставници од министерства и градоначалници, но членовите на “Вардар“ победија - вели Предраг Петрушевски, претседател на “2001 Куманово“.
За учество на турнирот се пријавиле над 60 екипи, а парите собрани од овој спортски настан ќе бидат донирани за децата на загинатите бранители.