×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вело - М најдобри на “Државно друмско првенство 2013“

    01.07.2013 08:13 | KumanovoNews

    На “Државно друмско првенство 2013“ кое вчера се оддржа во Куманово, домаќините од “Вело - М“ беа најдобри и освоија пет медали.

    Вело - М најдобри на “Државно друмско првенство 2013“

    Сениорите и јуниорите ја возеа патеката Куманово - Страцин - Ранковце - Крива Паланка - Куманово во должина од 128 км.

    Велосипедистите во категории кадети, мастерс и жени се тркаа на релација Куманово – Страцин - Куманово на патека долга 60 km. Натпреварувачите тргнаа од Градскиот кеј точно напладне.

    Предраг Димевски специјално за ова првенство допатува од Јоханесбург, Јужна Африка за да настапи за клубот “Вело - М“ и стана првак во категорија сениори.

    Добро е да се биде првак, пред се ова е државно првенство. И претходно сум се занимавал со велосипедизам, претежно со планински велосипедизам. Овој спорт ми е во срце. Важно ми беше да се вратам назад како државен првак. Инаку јас сум од Куманово, тука ми е целото семејство - изјави Димевски.

    Втор од сениорите е Вели Садики од “Вело - М“ кој дојде од Швајцарија за првенството, а трет Ивица Давидовски од истиот клуб.

    Во категорија јуниори прв е Јован Јованоски од клубот “Екодром“ од Охрид, втор Никола Ѓукиќ од “Вело - М“ и трет Александар Ефтимов од клубот “МВК“ од Велес.

    Од кадетите прво место зема Драган Цветковски од “МВК“ од Велес, втор е Кристијан Николов од истиот клуб и трет е Денис Колевски од “Вело - М“. Во категорија мастерс победи Стојанче Колевски од “Водно“ од Скопје, втор е Александар Гарача од клубот “Мадлбал“ од Скопје и трет е Игор Костов од клубот “Водно“.

    Од женските дилома и медал ќе добие Росица Костова од клубот “Мадлбал“ од Скопје.

    Настанот го организираа Велосипедска федерација на Македонија, клубот “Вело - М“ и Општинскиот сојуз на спортови.

    Ова е една од најважните спортски манифестации за велосипедизмот каде што Куманово е носител на сите значајни работи. Знаете дека “Вело - М“ се државни прваци, имаме освојувачи на Куп, поединечни прваци, што значи дека ние како општина, како Општински сојуз на спортови и како клуб “Вело - М“ сме претставници на велосипедизмот во Македонија. Она што е најквалитетно во тој спорт е од Куманово - рече Сашо Петрушевски, претседател на Општински сојуз на спортови.

    На натпреварувањето учествуваа 33 велосипедисти од десет клуба од Македонија.