Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден од подобрите македонски кошаркарски тренери, Александар Петровиќ, повеќе не е дел од КК Куманово.
После 3 години успешна соработка, понудените услови за во иднина не биле прифатливи за тренерот.
„По три прекрасни години во КК Куманово, одлучив да ставам крај на соработката. Коректно се разделивме, бидејќи не можевме да постигнеме договор со дел од управата,“ вели Петровиќ.
Тој за Куманово кажа дека ќе го врзуваат само позитивни и убави спомени.
„Се чувстував прекрасно за време на натпреварите. Имав екипа која даваше се од себе, и со помош на феноменалната публика постигнувавме одлични резултати. За овој клуб и за овој град, секогаш ќе имам прекрасни зборови,“ додава тој.
Александар Петровиќ преминува во скопскиот прволигаш ФМП Академија, каде ќе се обиде да направи нов проект кој ќе биде достоен противник. Тие минатата сезона го имаа премиерниот настап во елитната прва лига.
Пред Куманово, Петровиќ беше на чело во: МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи и екипата на Пелистер.
Од клубот соопштија дека за кратко време ќе излезат со информација во врска со ангажирање на нов тренер за претстојната сезона.
(Д.Давитковски)