Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Американецот Џош Селби е ново име на плејмејкерската позиција во кумановската екипа, по центарот Хулио Гуити. 29 годишниот е висок 188 цм и во 2011 година е избран како 49-ти пик на драфтот од страна на Мемфис Гризлис.
Селби прво играл за Универзитетот Тенеси, но подоцна се префрла во Канзас каде бележи голем напредок. По заминувањето од Мемфис, има играно во неколку екипи како: Цедевита, Бнеи Ерзелија, Сокар Петкимспор и Макаби Карјат, пред да отиде во Јужна Кореја. Таму има постигнато 625 поени со 140 асистенции во 36 натпревари. Во сите други тимови има скромни статистички резултати, 3.5 скокови, 4.5 асистенции и 2.5 поени по натпревар. Неговиот последен ангажман е во 2018 година за аргентинскиот Феро Карил каде има одиграно 1 натпревар и постигнато 12 поени.
Во Мемфис Гризлис зад себе има 38 натпревари каде со просечни одиграни 7.8 минути по натпревар постигнувал 0.5 скокови, 0.9 асистенции и 2.2 поени по натпревар.
Од клубот посочуваат дека ова ќе биде одличен трансфер за КК Куманово. Тимот го напушти искусниот Марјан Јанески, кој замина во екипата на Гостивар.
(Д.Давитковски)