Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарот Андреј Цветковски (23) го продолжи договорот со КК Куманово, за оваа сезона. Цветковски е висок 192 цм и игра на позицијата плејмејкер, во тимот дојде во јануари на полусезоната од екипата на Пелистер.
„Многу ми е драго што се’ уште ќе бидам дел од КК Куманово и во следната натпреварувачка сезона. Имаме големи амбиции за што поголем пласман во лигата. Се направи тим со одлични играчи, пред се добри луѓе и карактери, што е една од најголемите предности за успех. Тука е и новиот тренер Владимир Мирковски со кој имам соработувано и претходно. Неговата работа и принципи ми се познати, па со сигурност можам да кажам дека ќе го даде својот максимум за да стигнеме до победи. Исто така, се надевам и на голема поддршка од верните навивачи“, вели Цветковски.
Професионалната кариера ја има започнато пред 5 сезони во екипата на Работнички. Подоцна е дел и од повеќе други тимови како МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Блокотехна и Вардар. Исто така, бил на позајмица во второлигашката екипа на Радовиш каде успешно избориле пласман во елитното натпреварување. Својата младинска кариера ја поминува во МЗТ Скопје, каде со М18 составот стануваат вице-шампиони. Подоцна, во сезоната 2014/15 го освојуваат насловот во рангот на М20.
Претходно во Куманово пристигнаа Џош Селби, Хулио Гуити и Дамјан Робев.
Сезоната се очекува да започне на почетокот од месец септември.
(Д.Давитковски)