Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот кошаркаp Перо Антиќ и следната сезоната останува во тимот на Атланта Хоукс.
Иако пред неколку денови ја завршија сезоната, во тимот на Атланта веќе се планираат играчите за наредната сезона а нашиот Перо Антиќ го продолжи договорот за една година што значи повторен настап во дресот за сезоната 2014/15.
Антиќ за следната сезона има загарантирана заработувачка од 1,25 милиони долари доколку тимот на Атланта официјално до 15 јули не се откаже.
Перо Антиќ во својата прва сезона во НБА лигата има просек од 7 поени, 4,2 скока и 1,2 асистенции, со реализација од 42% на шутеви од игра.