Антиќ повторно го повреди скочниот зглоб
27.03.2014 11:36
| KumanovoNews
Перо Антиќ на гостувањето во Минесота повторно го повреди десниот скочен зглоб. Атланта загуби со резултат 107:83.

После петнаесетина минути поминати на теренот, Перо Антиќ го повреди скочниот зглоб поради кој го пропушти и Ол-стар викендот оваа сезона.
После шут за три поени, при еден доскок згазна на стапалото на тренерот Мајк Баденхолцер по што ја напушти играта и не се врати на теренот.
Информации за сериозноста на првредата сеуште нема.